Home » Специјална проекција на документарно-играниот филм „Градина“ во Битола

Специјална проекција на документарно-играниот филм „Градина“ во Битола

by culturalchat

Документарно-играниот филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски ќе биде прикажан во Центарот за култура Битола, на 09.04.2025 во 19.00 ч. Продуценти се Илија Тирицовски и Пеце Талески, директор на фотографија Кирил Шентевски, монтажа Горан Вуќиќ, дизајн на звук Марко Наумовски.
Снимен во текот на изминатите 5 години на скопската периферија, филмот раскажува топла и потресна приказна за група пензионери – урбани герила градинари – кои се борат да ги задржат градините што сами ги создавале и негувале повеќе од 35 години. Овие зелени оази се повеќе од место за земјоделство – тие се симбол на отпор, пријателство, мир и преживување во сенка на урбаната џунгла.
Продукција: ОХО Продукција. Филмот е снимен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, развиен со поддршка од MakeProDox, Beldocs, Evia Film Project и Thessaloniki Film Festival.
Поважни фестивали: BelDocs IDFF 2024 (World Premiere); MakeDox CDFF 2024 (Newcomers Selection). Филмот ќе се прикажува и во редовната програма на европски филм во Малата сала од 10 до 12.04.2025 год.:

10.04.2025. 19:30
11.04.2025. 19:30
12.04.2025. 20:30

На настанот ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и киноматограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.

 

 

 

Related Articles