Home » Со настапот на данскиот бенд Ypek Yolu и Вевки Амедов заврши 17.Локум фест

Со настапот на данскиот бенд Ypek Yolu и Вевки Амедов заврши 17.Локум фест

by culturalchat

После настапот на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, кои ја славеа ромската култура како дел од Локум фест, настапија и специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music дојдоа во Битола.

Групата „Ypek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел да разигра и опушти.

Традиционално на сите три фестивалски вечери беа присутни ЗУР Македонски ракотоворби , посетителите можеа да пробаат крушевски и битолски локум, и да погледнат бројни презентации на рачно изработени производи.

Фестивалот се реализираше со средства на Министерството за култура, Општина Битола, Амбасадата на Р.Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р.Грција во Битола, КИЦ Битола како и бројни пријатели и поддржувачи.

„Локум фест“ започна на платото на Офицерскиот дом со промоција на новиот албум на групата „Баклава“после кои настапија гостите од соседна Грција, Локсандра ансамблот.Програмата продолжи со Elias ladino ансамблот од САД, како и настапот на познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ .Во програмата беше и соработката со Државниот архив-одд.Битола која донесе прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските Евреи.

И со ова 17 издание Локум фест ја оживеа Битола, барем за миг ја презентираше традицијата, она на што еден народ и тоа како треба да е горд.

 

 

Related Articles