Библиотекарките докторант Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски остварија работна средба со директорката на ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола, Кристина Лајмановска. На состанокот се разговараше за реализирање на активности во градинката и во библиотеката, како и за важноста на првите пет години од животот на децата.
„Првите години од животот на детето се најважни за неговиот физички, јазички, емоционален, социјален, и интелектуален развој.
Во тој краток период се развиваат емоциите и поимањето на светот, се поставуваат основите на јазикот и доаѓа до најголем развој на мозокот.
Мора да напоменеме дека се работи за клучен момент во животот на детето и ако се пропушти таа шанса, тогаш е пропуштена засекогаш. Децата кои доцнат на почетокот од животот тешко можат да го надоместат тоа доцнење.
Предучилишните деца го постигнуваат својот највисок развоен потенцијал доколку од самиот почеток се воспостави силна емотивна врска со возрасните, и доколку растат во безбедни и здрави услови кои им овозможуваат различни можности за учење и развој“, беше истакнато на средбата.
Затоа библиотеката и градинката во наредниот период со потпишување на меморандум за соработка започнуваат со реализирање на низа активности наменети за најмалите дечиња.
Библиотеката се грижи за нивниот напредок, затоа нуди бесплатно зачленување на деца од предучилишна возраст, се што треба да направат родителите е да ги донесат децата да им се направи членска карта.