Горјан Стојановски ќе одржи концерт на 30-ти мај, во просториите на Пијано Центар во Скопје, со почеток од 13 часот.
На концертот, премиерно ќе се изведе композиција од Бете Илин: “Токата” за две виолини и пијано заедно со Стефани Радинска-виолина и Симеон Гошев-виолина.
Во програмата се и композициите:
Ј.С. Бах: Прелудиум и фуга G-dur (WTK1),
Л. Ван Бетовен: Соната оп. 31 бр. 2 d-moll (“Tempest”):
-Largo-Allegro
-Adagio
-Allegretto,
С. Рахмањинов: Етида слика оп.33 бр. 4 d-moll ,
Р. Вагнер/Ф. Лист: “Смртта на Изолда” транскрипција од операта “Тристан и Изолда”.
Горјан е роден 01.10.2003 година во Битола. Основното музичко образование по пијано го започнува во „Државно музичко училиште“ – Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска, а го завршува во класата на проф. м-р Дино Имери при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје.
Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, во пијанистичката класа на проф. м-р Катерина Ќетковиќ – Фидановска.
На сите натпревари на кои учествувал освојувал високи награди.
Како ученик во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, бележи бројни настапи на концерти и натпревари како дел од класата на проф. м-р Катерина Ќетковиќ – Фидановска.