Home » Се одржа работилницата „Како до убава фотографија“ во Битолската библиотека

Се одржа работилницата „Како до убава фотографија“ во Битолската библиотека

by culturalchat

На 7- ми април во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа втората работилница од проектот „Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена „Како до убава фотографија“.

На работилницата учествуваа ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“-Битола, ученици од ООУ „Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор. За историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше фоторепортерот Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот bitolanews.

Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигне до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да се доловат вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.

Оваа работилница е дел од проектот кој „„Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Координатори на проектот беа Маријан Колевски и М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

 

Related Articles