Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом, беше одржан свечен концерт на кој учествуваа професори и ученици од Државното музичко училиште – Битола. Со овој настан му се оддаде почит на ликот и делото на Михајло Николовски – Ѓумар, големиот музички педагог, композитор и иницијатор за основање на денешното средно музичко училиште. Повод за овој настан беше и одбележување на 90 години од неговото раѓање, како и 30 години од неговата смрт.Имено во февруари 1947 година, Николовски станува еден од првите ученици на новооснованото нижо музичко училиште во Битола. Со тоа неговата професионална судбина е дефинитивно одредена. Вниманието врз себе го свртува како ученик во Средното музичко училиште во Скопје, кога подучуван и насочуван од професорот Властимир Николовски и воден од својот креативен творечки импулс и бујна имагинација ги прави своите први творечки чекори.
„Создавањето музика го почувствував како спонтана реакција, како потреба за сопствено искажување во кое се родија и моите први детски хорови, неколкуте соло песни и инструментални композиции“, истакнува Николовски. Позитивните одгласи само ја зацврстуваат определбата да го продолжи своето образование на Музичката академија во Белград. Таму студира и дипломира на Наставно-теоретскиот оддел во 1960 година, а паралелно учи композиција кај композиторот Милутин Раденковиќ. Наоружан со солидни стручни знаења и понесен од младешкиот полет тој се враќа во Битола и во наредните десетина години со невиден ентузијазам се зафаќа со (ре)организација на музичкиот живот во градот. Го иницира основањето на Средното музичко училиште, станува негов директор и едновремено ја интензивира и ја збогатува дејноста на аматерскиот хор „Стив Наумов“ раководејќи со него и придонесувајќи за радикален позитивен пресврт во неговата концертна активност. Михајло Николовски е автор на над 120 композиции од кои некои (како што е Сонатата за виолина и пијано) спаѓаат во најуспешните во својот жанр во севкупната македонска музичка литература. Автор е и на повеќе покрупни форми (Концерт за хорна, пијано и оркестар – 1978; Илинден – ораториум за тенор, бас, рецитатор, мешан хор и оркестар – 1980; Македонија – кантата за низок глас, рецитатор, мешан хор и гудачки 96 47 Македонски композитори 97 оркестар – 1984; Концерт за виолина, гудачи и удиралки – 1989), а во дел од нив (во вокално-инструменталното творештво) се инспирира од теми сврзани со македонското историско минато.За своето творештво Михајло Николовски е добитник на голем број стручни и општествени награди и признанија.
Професори кои настапија на концертот: проф.м-р Јулијана Проја Димовски, проф. Вангел Мажевски, проф.м-р Горјана Стојановска, проф.м-р Доминика Робе Поповска, проф. Николче Зацески, Проф.м-р Анастасија Гичевска, Проф.м-р Зисо Пуровски, Проф.м-р Елена Ѓоргиева, Проф.Лилјана Трајковска Димевски. Со својот настап настанот го збогатија и: М-р Симон Поповски, Ангела Димковска. Координатор : Проф.м-р Гордана Трајковска, соработници : Проф.м-р Маја Митровска, Проф. м-р Билјана Павлова, Проф. Денис Алитовски, Проф.Кире Мулоски, Проф. Трајче Поповски. Стручна служба Игор Васевски . Солисти: Фотина Наумоска, Николај Илијевски, Јове Атанасовски, Андреј Стојановски, Стефан Кулевски, настапија и Детскиот хор и хорот на одделот за средно. Конферансие Климент Ристевски. Со овој настан ДМУ Битола уште еднаш покажа на што се должи исклучителното реноме на оваа образовна институција. Да потсетиме дека Државно музичко училиште – Битола оваа годинна прославува 78 години постоење, а истото започна со работа на 17. февруари 1947 година.