Како дел од активностите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, беа и 5-те едукативните работилници., како дел од проектот „Заедно посилни“.
После првата работилница во ноември посветена на здравјето и крвниот притисок, секој нареден месец до завршувањето на проектот се организираше по една работилница со експерти од различни области со цел корисниците да добијат корисни информации за нив. „Сумнал“ и Центарот за социјални работи – Битола минатата година потпишаа меморандум за соработка, па во таа насока се организираше работилница со Денис Арслановски како нивни претставник околу достапните социјални усуги и бенефиции за постарите лица објаснувајќи ги условите и постапките за аплицирање и нивно добивање.
Следуваше работилница со Ирена Стојчевска, дипломиран правник, која на корисниците им даде информации околу одредени правни процедури, а воедно им понуди и бесплатна правна помош.
Психијатарот, Гордана Ристевска Димитровска, разговараше со корисниците за правилен активен живот во трето доба споделувајќи корисни совети и информации со цел поактивно да се вклучат во социјалните текови.
На последната работилница, корисниците се дружеа со Магдалена Mаневска, раководител на службата за персонално банкарство, дигитални сервиси и самоуслужни продукти во Стопанска банка АД Битола. Таа ги запозна со банкарските продукти и услуги поврзани со отварање на трансакциски сметки и нивно следење, начини на плаќање, вклучително и користењето на платежните картички, достапни кредитни услуги и процедури за добивање на кредит, депозити, а особено се осврна на е-банкарството со што корисниците можат да ја следат состојбата на својата сметка онлајн преку телефон или компјутер.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.