Home » Се е подготвено за 8. Џез фактори фестивал во Битола

Се е подготвено за 8. Џез фактори фестивал во Битола

by culturalchat

Годинешното 8.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 16-ти до 19-ти Април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови. Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар.

www.jff.mk

www.narodenteatarbitola.comФестивалот ќе биде отворен на 17 Април, од 20:00ч во Народниот театар во Битола со настапот на Laurant Coulondre (Француската Република). Тој е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката. Добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници како Paul Jackson и Pierre de Bethmann. Од 21 часот е настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES, (Соединети Американски Држави). Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгого- дишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.Следниот ден е резервиран за работилницата во соработка со Здружението Пелагонија, JAZZ FACTORY FOR KIDS од 10 часот. Оваа работилница е посветена на воведување на децата во светот на џез музиката. Преку интерактивни активности, тие ќе се запознаат со основите на импровизацијата и раз- личните инструменти.  Од 11 часот следува претставување на книгата на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена. Новото издание нуди свеж поглед на трансформацијата на македонската музика во последните години. Веќе во 12 часот во Битолскиот театар е работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија. Оваа сесија ќе им овозможи на младите музичари да учат од нејзиното искуство и експертиза. Концертната програма започнува во 20 часот со настапот на Триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Ова трио комбинира традиционален и модерен џез. Членовите на бендот се искусни музичари кои настапувале со џез великани како Kurt Rosenwinkel и Dave Holland. Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert. Нејзината музика е инспиративен спој на класичен и современ џез стил. Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола , настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија. Тој е млад и перспективен џез пијанист, наградуван за својот уникатен музички израз. Со својот квартет, носи свеж звук инспириран од традиционалниот и современиот џез.На 19 Април, од 10:00ч во соработка со Здружението Пелагонија следува Годишна конференција на Асоцијацијата на џез фестивали, со цел размена на искуства и поддршка на европскиот џез. Оваа платформа создава нови можности за уметници, организатори и публика. Во 20 часот во Битолскиот театар, ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“, која се доделува во чест на еден од најзначајните македонски џез музичари. Таа има за цел да поддржи и инспирира нови генерации џез артисти. Концертната програма започнува со битолчаните КОД 369, македонски џез-фјужн проект со модерен звук и иновативни композиции. Бендот кој е ексклузивец на најреномираната хрватска издавачка куќа Кроација рекордс, стекна популарност со својот деби албум и уникатниот пристап кон џез музиката.Следува настапот на JFF Little Big Band, диригент Тони Китановски од Македонија. Проект на Џез Фабрика Фестивалот кој изведува композиции на истакнати македонски џез автори. Под водство на Китановски, овој ансамбл обединува некои од најталентираните млади македонски џез музичари. Новитет оваа година е дисперзираниот концерт на Swantje Lampert во Аудиокултура – Скопје на 17. Април со што фестивалот ја продолжува соработката со овој клуб која во континуитет трае 5 години. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Шпанија, и Делегацијата на Европската Унија.Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Николас Гардел (Франција), Џулија Сајдл (Австрија), Сакис Пападимитриу (Грција), Анлишт Коорпоратион (Полска), Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др. Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. На покана на ChinaSPAF 2024 и Network of Silk Road Arts Festivals Џез Фабрика Фестивалот Битола беше единствениот фестивал кој ја претставуваше Македонија во рамките на оваа значајна меѓународна конференција на Арт фестивали која се одржа во Шангај, Кина. Имено 4-та годишна конференција, обедини фестивали, институции и културни фондации од 30+ земји и региони. Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”. Џез Фабрика Фестивал во 2020г. е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација. Од 2022г. фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со: Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија), Кикинда џез фестивал (Србија) и Модоарс фестивал (Македонија). Од 2021 Џез Фабрика Фестивал Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција: Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали: Нишвил, Подгорица и Тирана.

За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

Целосната програма во продолжение:

Flaer JFF 2025 A5_predavnicki_PRINT

 

 

 

 

 

 

 

 

Related Articles