Home » Сефедин Бајрамов со концертот „Прстен за неа“ во Битола за празникот на виното и љубовта

Сефедин Бајрамов со концертот „Прстен за неа“ во Битола за празникот на виното и љубовта

by culturalchat

Центарот за култура – Битола и битолскиот пејач Сефедин Бајрамов  на прес-конференција, официјално го најавија концертот „Прстен за неа“, кој ќе се одржи на 12 февруари во големата сала на Центарот за култура – Битола, во пресрет на празникот на виното и љубовта.„Концертот ‘Прстен за неа’ ќе биде музичка приказна на нашиот битолчанец Сефедин Бајрамов, заедно со Камерниот оркестар на Битола и неговите гости Ана Петановска и Виктор Апостоловски. Ова нема да биде обичен концерт, туку вечер посветена на љубовта, емоциите, ветувањата и вечните песни што не се забораваат. Салата веќе е половина распродадена и веруваме дека ќе биде исполнета до последното место“, беше истакнато на прес конференцијата.

Водителка на концертот ќе биде Каролина Петковска од МРТ. Сефедин Бајрамов зад себе има богата музичка кариера, чии почетоци датираат од 1972 година, кога првпат запеал во родниот град. На концертот Бајрамов ќе изведе 16 композиции – дел од неговиот најпознат репертоар, но и песни кои првпат ќе бидат изведени концертно.
Билетите се во продажба по цена од 300 денари.

Related Articles