На 15. Ноември 2023 година во просториите на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи семинар на д-р Ранко Рајовиќ, автор на NTC програмата.
Семинарот е наменет за родители, наставници, воспитувачи и сите што работат со деца и се занимаваат со детскиот развој и едукација
На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието.
Д-р Ранко Рајовиќ е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, соработник на УНИЦЕФ за рано образование. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот.
Пријавата е задолжителна бидејќи бројот на места е ограничен. Пријавете се со пополнување на формуларот во прилог:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfqUXwt3izu4FMaVQ0gC7HEvpUwVB5o2Fy0l8_yPwWgN5YrjQ/viewform