Home » Селекторите на „Охридско лето“ за успешното годинешно издание

Селекторите на „Охридско лето“ за успешното годинешно издание

by culturalchat

Изминатите 40 денови Охрид беше домаќин на 62.издание на „Охридско лето“, фестивал на кој низ фестивалските денови можеа да се видат големи музички ѕвезди, врвни театарски претстави, премиери, настани за кои се бараше карта повеќе, но и гости од целиот свет. На сцените на Античкиот театар, црквата Св. Софија, Предворјето на Св. Софија, Долни Сарај и Центарот за култура со одржаа 36 концерти, 9 театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Настани кои беа проследени од над 20-илјадна публика која уживаше во секоја вечер.

Музичката селекторка Бисера Чадловска, рече дека е горда што зад нив останува уште едно успешно фестивалско издание.

„ Музичкиот дел на фестивалот заврши со концерт посветен на маестро Александар Џамбазов, но претходно имаше 30-тина музички настани, концерти кои се одржаа во текот на фестивалот. Пресреќна сум како изгледаше сето тоа и сум презадоволна од квалитетот на уметниците кои настапија. Посебно сум горда на нашите македонски уметници кои се покажаа во најдобро светло и докажаа дека можат да се носат рамо до рамо со сите светски музичари на ова време. Се радувам што имавме задоволна публика, но и на одзивот на уметниците кои беа присутни на фестивалот. После секој концерт, во разговор со нив, тие беа импресионирани од градот и од топлиот прием што ги инспирира да имаат поубав настап на фестивалот“.

Упатувајќи огромна благодарност до вработените на НУ „Охридско лето“ и до директорката Поповиќ, за како што рече, професионалниот и трпелив ангажман во реализиацијата на 62-то „Охридско лето“, драмската селекторка Сања Арсовска, рече дека во драмскиот дел годинава беа прикажани 10 театарски претстави од кои шест домашни, а останатите интернационални.

„ Имавме рекорден број претстави од жени режисерки и огромна посетеност. Тоа е тоа што ме радува и ми дава еден порив и силна желба за следната година да имаме уште подобра програма. На финалето на фестивалот го имавме Југословенскиот драмски театар од Белград со претставата „Вујко Вања“ од Чехов, режирана од Егон Савин. Чехов претставува еден вектор којшто ја одредува количината на несреќа и квалитетот на болка и никој како него не може да го опише тој жеден мазохист за страдање кој се наоѓа во нашите бедни, мали и промашени животи, како и оној порив да се направи нешто и да се тргне некаде без притоа да се направи ниту еден чекор“.

 

Related Articles