На 8. јануари со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура-Битола, ќе се одржи големиот Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“, со кој ќе се празнува раѓањето Христово.
Општина Битола заедно со Центарот за култура и Културниот и информативен центар, Ве покануваат на концертот на народни и црковни божиќни напеви. На истиот ќе настапат: Благојче Трајковски – кларинет, Никола Трајановски – виолина, Филип Михјлоски – канон, Гоце Ристески – лаутa, Петар Христов – уд, Коста Стевановски – контрабас, Пеце Трајковски – перкусии.
Вокални изведувачи :Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска, Петар Христов.
Влезот е слободен.

