Home » Светскиот диџеј Трампет со македонски сет на Ohrid Calling

Светскиот диџеј Трампет со македонски сет на Ohrid Calling

by culturalchat

На годинешниот фестивал „Ohrid calling“ Тими Трампет, моментално најбараниот диџеј , на 9-то место на топ 100 DJMag листата на најдобрите диџеи во светот , во чест на Илинден вклучи три македонски песни во својот сет кој го заврши со „Јовано, Јованке“, а ја пушти и „Слушам кај шумат шумите“. Трампет за првпат имаше настап во регионот и тоа токму на Ohrid Calling.

Оваа година фестивалот се одржуваше од  29-ти јули до 1-ви август на локацијата во поранешната касарна. Годинешното издание на „Ohrid calling“ имаше богата музичка програма со настап на неколку врвни светски ѕвезди од електронската музика или вкупно 22 артисти и беше најпосетена едиција во својата историја после 2018та година, кога настапуваа Димитри Вегас и Лајк Мајк и Армин Ван Бурен.

Во 4 денови, на грандиозната бина на „Ohrid Calling “во касарната настапија милениците на фестивалот, армијата VINI VICI, хитмејкерот LOST FREQUENCIES и big room пионерите W&W.

Со нив, исто така премиерно на Балканот, Blasterjaxx и Will Sparks, како и детето на „Оhrid Calling“, GALOSKI кој оди напред во својата кариера со светлечка брзина.

Тука се и CYRILLIC, Howard Hill, Divolly Markward, Chico Rose, Nicholas Adams, RASTIK, Lady Lee, Delovski, Christian Karan, Kemaro, Erick Kassel, Jana Slayy, Yaksa и DJS FROM MARS.

„Секоја година се трудиме да донесеме некое име, кое не само што никогаш не било во Охрид , туку ни во регионот. Така сега го имавме  Timmy Trumpet, кој е меѓу топ 10 ди-џеи за 2022 година, но интересно е што тој има премиера на Балканот. Диџеи од цел свет, од Австралија, Јапонија, Холандија, Германија, Македонија, доаѓаат секоја година во Охрид“ – истакна Бобан Милошески од Авалон продукција.

Охрид и оваа летна сезона е еден од најатрактивните центри во регионот, кој може да се пофали со музичка забава и концертни настани од светски ранг. За овој епитет голема заслуга токму имаат докажаните професионалци од „Авалон продукција“, како главни креатори на фестивалскиот бренд „Ohrid calling“, кој ги носи во Охрид најпознатите ѕвезди од електронската музика. Со организирањето на овој фестивал, Охрид завзема препознатливо место на мапата на музички настани и привлекува бројна публика од цела Европа. Четиридневното случување, значително ја збогатува и туристичката понуда за гостите и туристите кои веќе летуваат во Охрид.

Фотографии Стефан Рајхл.

Во продолжение телевизискиот прилог од Тера телевизија.

 

 

Related Articles