На 28.јули во предворјето на црквата Св Софија во Охрид, со почеток од 21 часот, ќе се одржи светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, изведба направена специјално за фестивалот „Охридско лето“. Создадена од уметници од Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана по импресии од сцената на предворјето на црквата Света Софија, од страна на американскиот режисер Џон Блондејл.Претставата испреплетува приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка. Преку играта на актерската екипа се прикажуваат живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.Основан во 1991 година, Lit Moon Theatre Company е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.
Џон Блондејл е добитник на 13 независни театарски награди, а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд, во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.Адаптација на текст и режија: Џон Блондел, сценографија и костими: Благој Мицевски, музика: Џејмс Конели, кукли и фотографии: Јулија Духовни, дизајн на светло: Џанет Дрејпер, асистент на режија: Сиена Фицџералд и Дамјан Димовски.
Улогите ги толкуваат: Крал Лир, кралот на Британија – Ирвин Апел, Гонерил, најстарата ќерка на Лир – Брајан Харвел, Војводата од Албани, нејзиниот сопруг – Џејмс Мек Карти, Реган, втората ќерка на Лир – Џејмс Мек Карти, Војводата од Корнвол, нејзиниот сопруг – Брајан Харвел, Корделија, најмладата ќерка на Лир – Нина Салинен, Грофот од Кент – Мајкл Бернард, Будалата – Метју Тавианини, Грофот од Глостер – Вардан Мкрчјан, Едгар, неговиот постар син – Мичел Томас, Едмунд, неговиот помлад и вонбрачен син – Даен Хенри.
Времетраење 1 час и 40 минути, без пауза
Не се препорачува за лица под 13 годишна возраст.