Светската премиера на најновата композиција на композиторката Дарија Андовска се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ. Станува збор за „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, се изведуваат и 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија). Со тоа започа балканскиот дел на турнејата, која веќе на 6. септември продолжи во Нови Сад. Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.
Четири композиции од циклусот „Песни од татковината“ на Андовска на 12 септември ќе бида изведени MC Gallery во Њујорк, а ќе настапат Иван Наумовски – баритон и Ана Гацева – пијано.Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата Декан.