Оваа година на 12 мај се одржа 22 Републички натпревар „ Млади Библиотекари“ во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во организација на Библиотекарското здружение на Македонија и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. На натпреварот учество зедоа победниците од Општинските натпревари од сите општини од Македонија, придружувани од страна на нивните ментори и претставници од библиотеките.
Оваа година се натпреваруваа 26 ученици.
Ученичката Сара Ѓоргиевска која ја претставуваше нашата библиотека освои трето место на овој натпревар, а библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски беше дел од комисијата за избор на натпреварот „Млади библиотекари“.
Библиотекарското здружение на Македонија, покрај своите редовни активности, во 2000 година започна со организирање на натпреварот „Млади библиотекари“, со цел популаризација на библиотечната дејност кај најмладата популација, односно кај членовите на училишните библиотеки во Македонија. Во 2001 година, согласно Статутот на друштвото, донесен е Правилник за организирање и спроведување на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, според кој народните библиотеки организираат општински натпревари за членовите до 14 годишна возраст односно учениците од основно образование. Победниците на општинските натпревари имаат право да учествуваат на Републичкиот натпревар. Така, првиот Републички натпревар се одржал во Берово 2000 година со учество на 9 претставници од народните библиотеки.