Home » Салата во Центарот за култура исполнета до последно место за премиерата на „Свадба“

Салата во Центарот за култура исполнета до последно место за премиерата на „Свадба“

by culturalchat

Синоќа, Битола уште еднаш потврди дека живее за филмот.
Премиерата на комедијата „Свадба “ беше распродадена, а салата исполнета со над 800 гледачи – публика која ужива во добар филм и добра смеа. Смеење, аплаузи и полна сала – атмосфера која покажува дека киното во Битола не е само проекција, туку вистински културен настан и заедничко доживување. Битола гледа филм. Битола живее филм.

Филмот „Свадба“, во Битола ќе биде прикажан и на 6 ти и 7-ми февруари во Центарот за култура, но и на 7 -ми февруари, од 20 часот, во Кино Манаки. Ова не е само филм – ова е апсолутен рекордер кој ги собори сите досегашни бројки на гледаност во регионот, надминувајќи ги дури и најголемите холивудски хитови. Фантастичната регионална екипа, како и приказната со која многумина можат да се идентификуваат, го ставија овој филм на самиот врв на интересот: Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анџелка Стевиќ Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља.Филмот донесе мешавина од здрав хумор, препознатливи животни ситуации и ја води публиката низ приказна што балансира помеѓу топла семејна атмосфера и неочекуван меѓународен инцидент. Го поставува прашањето – дали љубовта може да ги надмине стереотипите, обичаите и родителските планови – и одговара на него на урнебесен, брз и непредвидлив начин.Во центарот на оваа антиромантична комедија се две богати семејства – едното од Загреб, другото од Белград – чиј син и ќерка се заљубуваат далеку од своите домови. Непланираната бременост го забрзува запознавањето на родителите, додека свадбата што мора да остане строга тајна станува повод за лавина од комични, но и напнати ситуации што брзо излегуваат од контрола. Резултатот е експлозивна комбинација од смеа, напнатост и препознатливата балканска „топлина“. Креативниот тим го сочинуваат режисерот и сценарист Игор Шереги, директорот на фотографија Томислав Сутлар, монтажерката Леа Милета, сценографката Јана Пјацун, костимографката Паула Чуле, дизајнерот на звук Иван Желиќ и шминкерката Сњежана Горуп, кои заедно носат автентична приказна во која сатирата вешто се испреплетува со реалноста.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

 

Related Articles