Home » Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски промовиран во „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“

Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски промовиран во „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“

by culturalchat

Високото признание „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“ му е доделено на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Почесната титула му е врачена во рамките на Глобалниот дијалог на претседатели на универзитети што се одржа од 5 до 7 ноември 2025 година во историскиот град Чифу, родното место на Конфучије, во кинеската покраина Шандонг.Станува збор за настан организиран по покана на Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал (SDAIEP), дел од националната Кинеска асоцијација за меѓународна размена на персонал (CAIEP) чија цел е создавање високо ниво на платформа за дијалог и меѓународна универзитетска соработка. Ректорот Неделковски е еден од петнаесетте ректори и високи академски претставници од Европа и светот кои се промовирани во амбасадори на културната соработка со Кина. Со тоа, беше истакнат неговиот придонес во унапредувањето на меѓународната соработка и промоцијата на културните и образовните врски меѓу двете земји.Во рамки на форумот, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал (SDAIEP), со што се отвораат нови можности за академска и културна размена, заеднички проекти и иницијативи. Во своето обраќање на Глобалниот дијалог, Неделковски се осврна на темата за интеграцијата на меѓународните студенти и на начините – како универзитетите можат да придонесат во задржување на младите кадри во своите матични земји. Соработката со SDAIEP/CAIEP претставува значаен чекор, особено во справувањето со предизвиците за реинтеграција на експерти и студенти кои студираат во странство и искуствата за нивно враќање во својата земја.

Related Articles