Home » Раде Шербеџија во Битола донесе вечер на силни емоции, поезија, музика

Раде Шербеџија во Битола донесе вечер на силни емоции, поезија, музика

by culturalchat

Еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот
бенд Западни колодвор, дојде во Битола на концерт во Центарот за култура, кој донесе вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања.
Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот,
поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички
настапи, тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата,
носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина.
Раде Шербеџија ја воодушеви битолската публика со концерт кој го надмина класичниот музички настап.
Ќе биде концерт запаметен по песните и стиховите кои зборуваа тивко,
но погодуваа длабоко…за љубовта, минливоста, сеќавањето и слободата. Неговиот
препознатлив глас и ненаметлива сценска присутност создадоа интимна атмосфера во
која публиката стана дел од приказната. Специјални гости на вечерта беа CODE 369.Фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles