Home » Работилница во Битола „Како до успешен букинг“ со Сашо Поповски

Работилница во Битола „Како до успешен букинг“ со Сашо Поповски

by culturalchat

„Како до успешен букинг“со Сашо Поповски е работилницата која на 5-ти мај ќе биде одржана во киното Манаки во Битола со почеток од 18 часот. Се работи за настан дел од мини проектот на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ за зајакнување на независната музичка сцена, поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали  MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa.Тоа е еден од петте регионални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните музички артисти, нивно мапирање, поддршка и промоција и креирање на подобри локални културни политки за оваа целна група. Во рамките на овој мини проект ќе биде подигната и веб страница за независната музичка сцена на Битола, ќе се оддржат работилници за музички менаџмент и градење културни политики во овој сегмент.

Сашо Поповски е музичар кој сеуште го живее сонот од младоста – на сцена со гитара во раката. Од почетоците со рок групата Фаџ, преку љубовта кон блуз музиката и клубските свирки, до магистер и редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев – Штип (џез оддел) , денес е еден од нај реномираните – активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски фестивали. Снимил шест албуми. Го основал и успешно  го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.

После оваа работилница ќе следат и други работилници за промоција, продукција и настапи во живо.

 

 

Related Articles