Home » „Пустинско вино“-ново видео на Паркети

„Пустинско вино“-ново видео на Паркети

by culturalchat

„Пустинско вино“ е насловот на најновата песна на Паркети. Уште една паркетска рокенролска приказна во огромната книга на рокенролот. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Паркет. Видеото е  снимено во Фушрекордс. Микс и мастер во студио „Подрумот“ – Анѓел Ќосев. Во спотот игра Ана Грамосли, режијата, камерата и монтажата се на Андреј Богатиноски. Дрон оператор и 2ра камера: Јосиф Трајкоски . Асистенти на сет: Анастасија Кутлешовска и Дора Стојаноска.

„Паркети“ се рок, панк група од Битола формирана е во 1991 година. Познати се по своите енергични настапи во живо. „Паркети“ секогаш имале препознатлив и специфичен звук и уште посоецифични текстови. Биле оформени една деценија по првиот бран на панк музиката, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк. Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен. Првиот албум го снимиле во 1996 година насловен „Грижа на совеста“, а вториот – „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998. „Паркети“ се бренд не само на Битола, туку и на македонската музичка сцена, кои постојат повеќе од 30 години.

 

 

Related Articles