На 10. Септември, во 19:00 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, ќе бидат промовирани сликовниците „Другарко“ и „Другарка, Другарко и двете маченца“, автор: Денис Јанкуловски – Космонаутко, илустрации: Наташа Костовска, во издание на „Прозарт медиа“.
Овие сликовници со многу емпатија и оригиналност ја обработуваат темата на инклузијата, со главни ликови – лица со атипичен развој. Секоја промоција е инклузивна па така и оваа. Организаторите со голема радост најавуваат дека и оваа промоција ќе биде збогатена со песни, танц, рецитал и изложба со учеството на: Лука Ристановски, „Среќа набери“, Вероника Кочов со своја изложба како дел од Ателје “Adam`s art” и Карате Клуб „Заншин До“, Јована Ристановска, „Прекрасен свет“, Тамара Шерденков, „Нашето училиште“, кловнот Заги и неговиот најдобар другар Јусуф од ОУРЦ „Кочо Рацин“, рецитал „Станица на радоста“ и песна “Кирилица“, танцов спортски клуб „Спортакус“.