На 9.Мај со почеток од 18 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе биде одржана промоција на романот „НОЌТА – Филм кој се чита“ од Игор Тајкоски Фоја. Приказна што допира до дното на вистината. Не е филм, но ќе го доживеете како да сте во него. Промотори ќе бидат проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска – наградуван и публикуван автор, врвен познавач на македонскиот јазик и литература, универзитетски професор со значајно академско и книжевно влијание и д-р Никола Главинче – истакнат адвокат и публикуван автор во областа на криминалистиката, со долгогодишно искуство во правосудниот систем.
Ќе биде прикажано и промотивно видео од Марјан Георгиевски – познат и признат актер и режисер, чија интерпретација носи силни извадоци од книгата.
Присуствувајте и запознајте се со „Ноќта“ – романот што ја брише границата меѓу фикција и реалност.
Романот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија како дело од национален интерес за 2025 година.