Home » Промоција на книгата НУЛТА ТОЧКА викендов во Кочани

Промоција на книгата НУЛТА ТОЧКА викендов во Кочани

by culturalchat

Во недела на 23.02, во Кочани ќе се одржи промоцијата на книгата „НУЛТА ТОЧКА“ , од авторката на „Ти не си тој“ , Анита Петрова, а во рамките на Издавачката куќа Збор . НУЛТА ТОЧКА е роман за нови почетоци , љубов и самооткривање . По години борба со анксиозноста и низата несреќи што и го рушат животот во краток период, Лили верува дека нема повеќе сила да продолжи. Но, токму тогаш нејзиното семејство и подарува нешто неочекувано -патување во Тенерифе и семинар што ветува промена. Дали ова патување ќе и помогне да ја надмине својата најголема болка и ќе се соочи со тајната што долго ја крие ? Дали повторно ќе се вљуби во животот ? Овој роман не е само приказна за љубов и нов почеток, туку и за вистинските животни искуства што не учат да се справиме со стравовите, да ја победиме анксиозноста и да најдеме смисла дури и по најголемите падови. Низ приказната авторот суптилно внесува и доза психолошки совети што можат секого да го инспирираат да тргне по патот на промена. НУЛТА ТОЧКА е повеќе од роман -тоа е водич за оние што сакаат повторно да се пронајдат себеси !

Related Articles