Home » Промовирана книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“

Промовирана книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“

by culturalchat

Во Скопје беше промовиран мурал посветен на еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика Александар Џамбазов, дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка. Покрај промоцијата на муралот, неговите песни кои беа изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња, на кој хор диригент беше Запро Запров. Тој своевремено беше диригиент на славејчињата и на хорот „Развигорче“, а со женскиот младински хоир „25 Мај“ освои бројни награди низ светот.

Запров истакна дека токму на ваков начин со почит и евоцирање спомени требаат да се чуваат од заборав македонските великани. На крајот на Игор Џамбазов му подари слика, која му ја посветил на својот колега и драг пријател. Воедно се одржа и промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“од македонските музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ, автор на воведниот текст и Марко Коловски, автор на нотографиите.

Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.

Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен.

„ Сите славејчиња, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба „Чичко маестро Џамбаз“. Тој возвратно на шега ги нарекуваше „златни гавранчиња“.

Песните издвоени во оваа збирка претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот сметаат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата.

Церемонијал мајстор беше популарниот Игор Џамбазов, кој на почетокот ја испеа песната за страшниот лав, на стихови на Васил Куновски, на музика на татко му, со која настапил на првото „Златно славејче“. Тој ја подвелече големата љубов на татко му за децата и за манифестацијата „Златно славејче“, која со многуте испеани хитови го збогати детството на повеќе генерации.

Покрај многубројните присутни на манифестацијата присутен беше и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, покровител на „Златно славејче“.

Присутните ги слушнаа:  „Мојата учителка“, „Песна за Скопје“ и химната „За сите деца“,„Еј гулаби, гулаби бели“ и други. Покрај детските песни, Џамбазов пишувал и музика за филм и театарски претстави, а неговата композиција „Хумореска“ се изучува во нижите музичките училишта. Оваа промоција беше дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој беше во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари.

 

 

Related Articles