Во рамки на 55. издание на фестивалот Илинденски денови, во просториите на НУ Завод и Музеј – Битола беше промовирана едукативната боенка „Народната култура – трајна инспирација“.
Боенката е наменета за најмладите и претставува визуелна и креативна алатка за запознавање со македонската традиција, преку цртежи и илустрации инспирирани од народната уметност, културното наследство и обичаите. Целта е да се поттикне интересот и љубовта кон фолклорот уште од најрана возраст.
Настанот беше збогатен со присуство на голем број деца, родители и наставници, кои со големо внимание ја проследија презентацијата, а дел од учениците имаа можност да ги видат и своите цртежи во боенката, вклучени како резултат од претходно одржани работилници. Со овој проект, фестивалот Илинденски денови го потврдува својот опфат кон едукативниот сегмент, негувајќи ги вредностите на континуитет, креативност и пренос на културното наследство на новите генерации.
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски
previous post