Home » Програма за 24.издание на Фестивалот на монодрама Битола

Програма за 24.издание на Фестивалот на монодрама Битола

by culturalchat

Од денес до 20-ти мај Битола е домаќин на 24- то по ред издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Оваа година фестивалот се одржува под мотото „Да се биде“, на сцените на Центарот за култура и на Народниот театар. Фестивалот ќе трае девет дена во кои ќе бидат изведени 13 претстави во конкуренција и 2 надвор од конкуренција, од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и три од Македонија. Годинешното издание се отвара со претставата „Жени во собрание“, на  НУ. Театар Комедија – Скопје, во режија на Ќендрим Ријани. Се работи за претстава работена по мотиви на Аристофан, во препев од проф. д-р Валериј Софрониевски. Ова е претстава која е редовно распродадена во овој познат скопски театар, театар Комедија.Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Нејзини, но и текстови од актерите-учесници, се вклучени во драматизацијата на претставата.

Улогите ги толкуваат: Зорица Нушева, Ева Скендеровска, Наталија Теодосиева, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска и Ангела Стојановска. Сценограф Сергеј Светозарев, костимограф Ивана Каранфиловска Угуровска, кореограф Олга Панго, музичка изведба Јетмир Мехмеди.

Натпреварувачката програма ја отвора претставата на Народен Театар Подгорица, Црна Гора „Храна за душа“, свтор: Жана Полиаков, режија и актер: Славко Калезиќ. Следуваат претставите:

21:30ч Нова сцена НУ Центар за култура – Битола, „Кога цветаа тиквите“, продукција – Кристијан Танчевски и НУ Народен Театар – Битола, Македонија, автор: Драгослав Михајловиќ, стручен консултант Љупчо Ѓоргиевски, режија и актер: Кристијан Танчевски.

14.05, Недела, 19:30ч Голема сцена, – НУ Центар за култура – Битола, „Бегалецот“, Р.А.А.А.М. Театар Талин, Естонија. Автор: Јан Каплински Режија: Мадис Калмет Актер: Кристо Вијдинг.

21:30ч НОВА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„АРКА“ – Театарска филмска куќа АКТ, Приштина, Косово, Автор, режија и актер: Ментор Зумберај

15-05-2023 | Понеделник

19:30ч ГОЛЕМА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ – МНТ Скопје, РС Македонија

Автор: Зоран Спасов Режија: Јордан Симонов

Актер: Александар Микиќ

21:30ч НОВА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„СРАМ“ – Тииит .Инк

Креативни соработници: Милош Б. Андоновски – режисер

Ева Камчевска – драматург

Автор режија и актер: Ангела Стојановска

16-05-2023 | Вторник

20:00ч СЦЕНА ПОД РОТАЦИЈА – НУ Народен театар – Битола

„СВИРЕЖ – МАЈКА МИ БЕШЕ СЕКРЕТАРКА НА МЕНГЕЛЕ“ – Независен проект од Камери театар Тел Авив, Израел

Автобиографски текст на Јакоб Бучан Адаптација: Хадар Галрон

Режија: Хана Вазана-Гринвалд Актер: Хадар Галрон

17-05-2023 | Среда

19:30ч Сцена на НУ Народен театар – Битола

„ЧУЧУК СТАНА – Србинка и Гркинка“

Народен Театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“, Заечар, Србија

Автор и режија: Жељко Хубач Актер: Наташа Петровиќ

21:30ч ГОЛЕМА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„КОЈ СУМ ЈАС?“ – Центар за Монодрама, Улан Батор, Монголија

Автор и режија: Б. Батделгер Актер: Јанјиндулам Рагкасурен

18-05-2023 | Четврток

19:30ч ГОЛЕМА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„КАКО МАЛО ЗРНО ПЕСОК“ – Мана Чума Театар, Калабрија Регион, Италија

Автор: Салваторе Арена и Масимо Барила

Режија: Салваторе Арена Актер: Салваторе Арена

21:30ч НОВА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„КРВАВА СВАДБА“ – Театар Абрего Кантабрија, Шпанија

По мотиви од Ф.Г. Лорка Адаптација: Пати Доменек

Режија: Хорхе Лопез и Пати Доменек Актер: Мариа Видал

19-05-2023 | Петок

19:30ч НОВА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„МИСТЕРО БУФО“

Театар Група, Загреб, Хрватска, во копродукција со Трико Циркус Театар

Автор: Дарио Фо Режија: Ли Делонг Актер: Дражен Шивак

21:30ч ГОЛЕМА СЦЕНА – НУ Центар за култура – Битола

„СЕГА ВО МЕНЕ ИМА ПОТПОЛНО НОВ ОГАН“

Градски Културни Проекти, Вилнус, Литванија

Автор: Мохамед Реза Гарибзаде, според „Последната лента

на Крап“ од С. Бекет Режија: Саулиус Варнас

Актер: Сакалас Уздавинјус

20-05-2023 | Сабота
 
20:00ч Сцена на НУ Народен театар – Битола
СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
„НЕМА СТРУЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИОТ СТОЛ“
Театар „Јордан Х. К. Џинот – Велес, РС Македонија
Текст: Александар Секулов Драматург: Сашо Димовски
Музика: Сашко Костов Режија: Дејан Пројковски .

И оваа година ќе биде застапена офф-програма  на повеќе локации.

13-05-2023 | Сабота
 
10:30ч Офф програма
Театарска работилница „Игра низ пантомима“ – Дарко Вељиќ и Мето Јанакиевски
14-05-2023 | Недела
 
10:30ч Офф програма
Театарска работилница „Сценски борби и акробатика“ – Дарко Вељиќ и Мето Јанакиевски.

Related Articles