Во четврток, 23.02 со почеток во 20.30 ч.во Офицерскиот дом во Битола, гостува театарската претстава на Стивен Фриедман од САД „ PHALARIS’S BULL: SOLVING THE RIDDLE OF THE GREAT BIG WORLD“.
„ Најубаво срочена философска лекција која било кога сте ја посетиле, е напишана од Стивен Фриедман…Тој е поет, сликар, автор, учител, молекуларен биолог, но суштината на неговата потрага е одговорот на прашањето како да ја екстрахира убавината од болката… ( The New Yorker ). Топло Ви го препорачуваме овој театарско – философски перформанс и средбата со Стивен Фриедман кој е исклучителна мултимедијална личност и изведувач“, велат од КИЦ.
Гостувањето е во организација на КИЦ Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола.