33.то издание на фестивалот на хрватска драма „Денови на Марулиќ“, ќе се одржи од 21-ви до 28-ми април во Сплит. Се работи за фестивал во организација на ХНК. Сплит, на кој учествуваат претстави работени низ светските театри, а по хрватски текстови. Оваа година во конкуренција се 11 претстави после изборот од пријавени 42. Токму на овој престижен театарски фестивал во конкуренција е претстава во режија на Марјан Неќак „Кабаре Каспар“, а во изведба и продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана. Се работи за претстава по текст на Тена Штивичиќ во кој авторот зборува во стилизирана форма, низ ритмички говор и рима, за моментот во кој живееме и кризите на денешното општество.
„Ова е претстава за нормален човек за да не потсети што е нормално во нас. Мојата генерација знаеше што е нормално, а што не, знаевме за што сонувавме, кој е идол, што е идеал. Денеска не сме нормални“, вели режисерот Марјан Нечак.Претставата „Кабарет Каспар“, под која Неќак се потпишува и како композитор, е жанровски хибрид на трагикомедија и привлечна драма, која зборува и за денешниот свет и блиската иднина преку хумор и самоиронија. Претставата премиера имаше минатата година. Приказната не води кон следење на осум туристи од различни делови на светот кои доаѓаат на осамен остров за да се детоксираат од притисоците на секојдневието, да се релаксираат, медитираат, накратко, да се вратат на себе. Тоа дополнително го истакнува фактот што на островот нема интернет, што некои луѓе веднаш ги става во неволја. Како дел од нивниот одмор, им се нуди можност да запознаат „див“ човек кој живее на остров далеку од цивилизацијата. Кога всушност ќе го сретнат, го нарекуваат Руди, во нив се буди потребата да го „хуманизираат“, да го научат на вештините на современиот свет, а притоа ги откриваат своите фрустрации и стравови, кои не само што се намалуваат во идилично опкружување, но и се продлабочуваат. Хрватскиот драматург Тена Штивичиќ, која го потпиша сценариото, вешто ги вткајува сите аспекти на современиот свет во него. Во претствата играат актерите Барбара Церар, Саша Табаковиќ, Ива Бабиќ, Пиа Земљич, Урош Фурст, Бенјамин Крнетиќ, Нина Валич, Клемен Јанежиќ и Јанез Шкоф. Околу идејата за поставката на овој текст Неќак вели дека долго истражувал од литература до филмови. „Тогаш сакав да ја комбинирам оваа тежина на темнината поврзана со Каспар со денешниот свет, но тој Каспар нема да биде темнина, туку светла точка, метафора за оваа темнина“. На 33- то издание на фестивалот „Денови на Марулиќ“ ќе биде доделена наградата „Марул“ во 6 категории и тоа : за современ драмски текст, драматургија, за претстава во целина, режија, актерски остварувања, уметнички остварувања: сценографија, костимографија, дизајн на светло, оригинална музика и друго. Се доделуваат и награди од публиката како и наградата на весникот Слободна Далмација . Селектор на претставите оваа година беше новинарката и театарска критичарка Ким Цуцулиќ. „ Претставите се избираат по неколку критериуми и тоа: театрите можат да регистрираат неограничен број претстави од хрватски автори кои премиерно биле изведени по 1 јануари и пред 31 декември минатата година. Некои театри за ова издание доставија по три претстави. Во тој случај ја избрав онаа што ја сметам за најдобра бидејќи се трудам во изборот да вклучам што е можно поширок спектар на театарски друштва“, истакна селекторката Цуцулиќ. Покрај претставата на Неќак во конкуренција се и: „55 квадратни метри“ на Хрватскиот народен театар Сплит, „Светулки” на театарот Марин Држиќ од Дубровник, „Ноќ со Алекс“ на Хрватскиот народен театар од Мостар, Градскиот театар „Зорин дом“ од Карловац го постави текстот „Семафор“, „Мојот син оди малку побавно“ на воениот театар од Сараево, „Плодна вода“ на ХНК. Загреб, од продукцијата на Punctum и Kunst театарот од Загреб доаѓа „Слободна Барби“, „Франц“ на театарот и TD од Загреб, „Така Бог ни помогна“ од сплитскиот PlayDramа, „Има некои светови на дното на океанот“ во продукција на театарот Артериј од Загреб. Неќак е единствениот македонски режисер на овој фестивал. На истиот доминантно се застапени современи драмски текстови, а меѓу нив се и претставите наградени со наградата „Марин Држиќ“ за драмско дело. Ова првенствено се однесува на темата војна со која Европа и светот се соочуваат повторно и повторно. Но, во последните претстави се застапени и не толку големи војни – оние малите, тивки, интимни, приватни, често семејни „војни“ кои се водат меѓу четири ѕидови.Инаку Неќак е добитник на наградата „Марул“ за претставата „Девојчето со жиците“ пред неколку години, награда за најдобро уметничко остварување. Претстава на режисерот Марјан во која тој е и композитор и сценограф, денес има премиера. Претставата е со наслов „Убавата Вида“и е во продукција на театарот Копер Словенија и копродукција со Словенечкиот постојан театар од Трст, Италија.