Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола се одржа четвртата работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост“. Овој пат се прикажа претстава. Од децата за децата.
Една бајка се пишува, се чита и може да се одигра. Оваа бајка „Песната на царевата ќерка“ ја одиграа децата од Едукативниот центар „Едусфера“ пред учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“-Скопје со дисперзирана паралелка во Битола, членовите на здружението за лица со попреченост ЦПЛИП Порака, децата од едукативните центри „Малиот Принц“ и „Smart Head“, ученици од ООУ „Даме Груев“ и останати гости.
„Библиотеката е волшебно место како од бајка, каде се случуваат магични нешта, каде царува насмевката на детските лица“, истакнаа од библиотеката.
По завршување на претставата сите заедно се дружеа, играа и пееја заедно со ликовите од претставата.