Home » „Претставата е мојот куфер, сублимат, на се она што влијаело и ме градело низ годините и како актер,човек,жена-Соња Михајлова за Куфер.мк

„Претставата е мојот куфер, сублимат, на се она што влијаело и ме градело низ годините и како актер,човек,жена-Соња Михајлова за Куфер.мк

by culturalchat

Животниот пат на една актерка, жена, од времето на сеќавањата на детството за еден гостувачки циркуз па до времето на Југославија и до ден денес, постаувањето на прашањата:каде бевме и кои бевме, каде сме сега и кои сме, се дел од театарската претстава „Куфер.МК“, во режија на Благој Мицевски, а во изведба на актерката Соња Михајлова.

Истата беше изведена во Кино Манаки, а во рамките на програмата за одбележување на 4-ти ноември, празникот на Битола.

Михајлова низ претставата не води низ една лична интимна исповед за дилемите, моралните вредности, погледот на светот, убавите моменти, но и траумите низ кои поминува и со кои се справува една актерка, жена.

Изборот и авторските текстови се на Михајлова, музиката на Миодраг Неќак, видеата на Марјан Ѓорѓиевски. А еве што ни изјави реномираната актерка, првенка на Македонското глумиште, Михајлова, по премиерата.

С.М.- Чувството после премиерата, искрено задоволство и исполнетост, од личен, заокружен, креативно,театарски професионален момент засилен со позитивните реакции и коментари на публиката што ја виде претставата ,,Куфер.МК”.

Колку е монодрамата предизвик за еден актер?

С.М.- Монодрамата во рамките на мојот работен ангажман во театарот не ми била приоритет како интерес за лична реализација, но отсекогаш сум пратела монодрами како форма на теататарско креативен момент на актерот.Со оглед на мојот пензионерски статус,оваа оваа година се побуди кај мене интересот за монодрамата, како континуитет на создавање театар, што се покажа како добар избор, сега после реализацијата на Куфер.МК во рамките на културната програма на Општина Битола и КИЦ како поддршка,бидејќи,годинава не бев вклучена во проектите,претставите, на мојата матична куќа ,Народен Театар Битола.Еднаш актер,засекогаш актер,тоа е моето мото,а во која форма на театар ,кој простор,секаде каде што има публика да ве гледа и го прати она што сакате да и го пренесете и споделите.

Да проговориме нешто за претставата, животот на една актерка, жена, мајка…

С.М.- Куфер .МК ,претставата .е мојот куфер, сублимат, на се она што влијаело и ме градело низ годините и како актер,човек,жена,мајка,ќерка, сестра.граѓанин, тие нешта одат заедно во некоја поширока рамка за личноста, за мене, сите случувањата наназад во мојот живот и секако низ призма на случувањата сега и овде, низ она, што и како денес живееме .

Кој дел го доживеа посебно емотивно во текот на процесот на создавање на претставата?

С.М.- Најемотивно….ух… претставата, уште во самото создавање, беше всушност еден емотивен набој и потреба тоа да се сподели и со публиката нашето минато ,сегашност, иднина, нашиот живот како луѓе, со сите сите турбуленции што ги доживуваме, како граѓани во овие ранливи времиња за Македонија после ковид, после идентитетски прашања, историја, култура. Најемотивни моменти, веројатно, минатото споредено со една хаотична сегашност и неизвесна иднина во која се страда како човек и во својот личен идентитет .

Со Мицевски соработувате долги години. Како течеше соработката овојпат?

С.М.- Благој Мицевски . Со Благој сме долгогодишни прво колеги, и пријатели и луѓе кои по сензибилитет, театар ,уметност, се наоѓаат на бранова должина и без многу зборување во заедничката работа и затоа можам да речам дека ние не соработуваме на некој стереотипен начин на работа, туку би рекла, се надополнуваме авторски, како што беше и со Куфер.МК….Секако во специфична форма како монодрамата, со која за прв пат се соочив, неговото око, коавторство, визуелното и костимографско обликување, како режисер, ми беше огледалото во кое се огледував како актер во претставата.

Претставата се реализираше со помош од Општина Битола и КИЦ.

 

Related Articles