Home » Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

by culturalchat

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб свечено е отворена изложбата на македонската Национална галерија „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели.
Изложбата ја отвори претседателката на Македонија, Н.Е. Гордана Силјановска Давкова, чие присуство е потврда на огромната поддршка на македонската култура и уметност на меѓународната сцена, како и силна порака дека културата и уметноста имаат значајно место во државните приоритети, и дека културната дипломатија претставува важен инструмент за градење на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите.
На отварањето на изложбата се обратија и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорот на македонската Националната галерија, Али Синани и Maja Крстевска, виш кустос и програмски раководител во Националната галерија. На отворањето на изложбата присуствуваше македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски и бројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни Загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, универзитетски професори, како и претставници на државната и локалната власт во Република Хрватска.Делата на Жанета Вангели отвораат простор за нови интерпретации, дијалог и поврзување преку универзалниот јазик на уметноста, а изложбата потврдува виталност и автентичност на современата македонска уметничка сцена. Изложбата „Архивски документи“ претставува значаен културен настан кој го зацврстува културното соработката и афирмира македонската уметност надвор од границите на државата. Македонскиот КИЦ во Загреб со својата програма се етаблира како простор на средби, дијалог и културна размена, и претставува мост меѓу македонската и хрватската култура, како и дел од поширокиот европски културен простор.

Related Articles