Денес во Битолскиот театар ќе биде изведена претставата „Странецот“ , копродукција на НУ Народен театар Битола и Здружение „Купола“ – Штип. Се работи за авторски проект по мотиви од филмот „Јаник“ и други материјали, драматургија и режија: Дамјан Читкушев.
Во претставата играат: Ана Грамосли, Дритон Вејсели, Николче Пројчевски.
Креативен тим и соработници: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марија Цветановска, Дамјан Читкушев, костим- Андреј Ѓоргиевски, сцена – Бојана Исијанин, дизајн – Ане Блажовски инспициент – Оливер Петровски, звук – Александар Томевски, Александар Димовски, светло -Горан Петровски, суфлер – Мирјана Христовска, видео – Владимир Переловски, шминка – Стефанија Стојчевска Илиевска, реквизита – Спасо Петрушев.
Влезници само онлајн на следниот линк:
https://narodenteatarbitola.com/events/stranecot/

