Home » Премиера на „Пламенка“ во Битола

Премиера на „Пламенка“ во Битола

by culturalchat

На 16-ти декември, во НУ Центар за Култура Битола, се случи премиерата на театарската претстава ПЛАМЕНКА, работена по романот ПЛАМЕНКА на Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Претставата е во продукција на Интимен Театар Битола и НУ Центар за Култура Битола и е финансирана од Министерството за Култура. ПЛАМЕНКА е претставата за жената и војната и за тоа како жената во Битолскиот крај ги доживувала и ги преживувала сите војни, од турското робство, па се до втората светска војна и периодот по неа. Загубата на децата и семејството, загубата на домот и на слободата, како и загубата на вербата во подобро утре се главните теми врз кои е поставен наративот на Пламенка. Но тука се забележува и темата на упорноста и на непокорот, како основни карактерни црти на македонската жена што секогаш била бедем на отпорот!Во претставата играат: Викторија Степановска, Катерина Аневска Дранговска, Маја Андоновски Илијевски, Валентин Дамчевска и Вероника Евтимова. Сценографијата е на Михаел Димитровски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, композитор Александар Талевски, а кореографијата е на Борис Богдановски.
Следните изведби на ПЛАМЕНКА се на: 17ти декември, среда, од 20ч;
18ти декември, четврток, од 19ч. и од 21.00  (има две изведби),
19ти декември, петок, од 20ч.,
20ти декември, сабота, од 20ч.

Related Articles