Home » Премиера на македонскиот филм„Убиј ги прво децата“ на Сараевскиот филмски фестивал

Премиера на македонскиот филм„Убиј ги прво децата“ на Сараевскиот филмски фестивал

by culturalchat

На 30. Сараевскиот филмски фестивал во амфитеатарот „Опен ер“ се одржа премиерата на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец. Филмот, кој се прикажа во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје поради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.„Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други.Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска.
Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.Програмата „Опен ер“, а воедно и фестивалот го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“.

 

 

 

 

 

Related Articles