Вчера, вторник, 19ти ноември и денес, среда, 20-ти ноември, Интимниот Театар од Битола, на својот репертоар има два многу интересни настани.
Имено, вчера се одржа премиерата на македонско бугарската театарска копродукција „АЈВАР ИЛИ ЛУТЕНКА“, по текстови на Гергана Димитрова (Бугарија), а во режија на Софија Ристевска Петрушева. Во претставата играат Софија Ристевска Петрушева и Валентин Дамчевски. Композитор е Александар Талевски, а кореограф е Борис Богдановски. Самата претстава на еден хумористичен и многу интересен начин ги разгледува различностите и сличностите помеѓу двата народи. Вториот настан што ќе се одржи денес, среда, во 12 часот, е презентацијата од интердисциплинарниот проект: ДОКУМЕНТАРНИОТ ТЕАТАР КАКО АЛАТКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА. Овај проект ќе се одржи во Приватната Установа за Социјална Заштита Старски Дом Софија, а во самиот проект учествуваат старите лица, (корисниците на овој дом), како и режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски, композиторот Александар Талевски, кореографот Борис Богдановски, психијатарот Гордана Ристевска Димитровска и психологот Магдалена Петрушевска. И двата проекти се поддржани од Министерството за култура и туризам.