Home » Презентирање на изложбата „ Битолска меморија“ во Битолската библиотека

Презентирање на изложбата „ Битолска меморија“ во Битолската библиотека

by culturalchat

Во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, Националната Установа -Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -Битола заедно со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола со задоволство Ве поканува на отворањето на изложбата „Битолска меморија“, посветена на архитектонските приказни на нашиот град. Преку книги, периодични списанија, фотографии и зачувани урбани фрагменти, изложбата нè води низ тивките слоеви на Битола, каде секоја фасада и секоја улица носат свој спомен. Ова е можност да погледнеме наназад, но и да се потсетиме колку е важно да го негуваме културното наследство што го имаме. Битола не зборува гласно, туку со детали, светлина и време впишано во камен и архитектура.
Изложбата ќе биде презентирана на 4. ноември во 12:00 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Related Articles