Во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани делата од 20 тата по ред меѓународната изложба ААмА 20 која на 26-ти Август треба да замине во Милано, Италија. Изложбата содржи мултимедијален видео материјал на којшто се претставени уметници од 165 земји во светот, како и околу 25 уметнички дела.
Промотор на оваа изложба во нашиот град беше уметникот од Кина, Лао Ки. На негово огромно задоволство тој веќе неколку дена престојува во нашиот град како учесник на меѓународната ликовната колонија ДеНиро во Цапари организирана од семејството Филевски. Најавена е и соработка за идната година со учество на познати кинески автори.
За изложбата беше задолжен Ренато Галбусера. Во подготовката, селекцијата, кураторството и другите активности учествувале многу истакнати ликовни уметници, куратори, ликовни критичари, културни работници од голем број земји а од нашата земја претставници се Дијана Томиќ Радевска, Ладислав Цветковски, Славица Јанешлиева, Сергеј Андреевски и Владо Ѓорески.
Изложбата е уникатна тематски, по бројот на застапени уметници, техниките кои се користени, времетрањето, географската застапеност и секако по благородната идеја и порака која ја пренесува оваа светска изложба.
Со оваа изложба ЈОУ Културен иинформативен центар – Битола ја интензивира својата меѓународна ликовна соработка и го етаблира Офицерски дом како галериски простор со сериозни ликовни можности и меѓународна препознатливост.