Во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, беше прикажана модната ревија „Alphabet’s story“, по повод 116 годишнината од „Денот на Албанската азбука“ во Битола и „Битолскиот Конгрес“ како и 10 годишнината од основањето на Граѓанската Организација за промоција и регионална соработка „22 Нентори“.Присутните имаа привилегија да ги погледнат креациите на младите креатори, студенти, Арсиме Бајрами, Ерона Фејзулаху како и групната колекција од институтот за мода „ИЗЕТ ЦУРИ“. „Голема чест е што во Македонија има личности како Изет Цури, кои зборуваат преку своите креации и го прославуваат името на Македонија низ светот“, изјавуваат организаторите.
Тие ги потсетија присутните за нивната мисија и постигнувања, во чиј фокус е еманципирање на албанската жена, традицијата, креацијата, модата, како дел од животот и културното наследство на албанската жена. Настанот беше поддржан од бројни соработници и поддржувачи меѓу кои домаќините: ЈОУ КИЦ Битола, НУ Завод и Музеј, Општина Битола, Институт за мода ,,Изет Цури” како и бројни компании и поединци.