Home » Презентирана изложбата „Цртај на македонски јазик со глаголица“ во галеријата КО-РА во Скопје

Презентирана изложбата „Цртај на македонски јазик со глаголица“ во галеријата КО-РА во Скопје

by culturalchat

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во малиот салон на Галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, беше отворена групна изложба со над педесеттина дела насловена „Цртај на македонски јазик со глаголица“. Оваа изложба е во рамките на проектот „Цртаме на македонски јазик со глаголица“ кој е поддржан од Министерството за култура на Македонија, Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “-Скопје.Во првиот дел од проектот кој е реализиран исто така во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците во Македонија „Шадрван“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“, се одржа Ликовната работилница со учениците од Основното Училиште „Хасан Приштина“ од Скопје со менторите: Алмира Папиќ и Сафет Црновршанин. На таа работилница беа изработени 48 ликовни дела со различна тематика , од кои 38 дела беа дополнети секое со по една буква од глаголицата. Модератор на настанот е Лејла Ќахили, a како предавач во проектот при презентацијата power point, таа одржа и предавање за глаголицата. Координатор на проектот е Мелиса Зверотик.

Во овој дел од проектот на оваа групна изложба во Галерија „КО-РА “ беа претставени создадените  дела на учениците со поддршка на менторите, а во третиот дел од проектот се очекува и претставување на изложбата и надвор од земјата во интеракција со учениците и од други училишта. На свеченото отворање учествуваа: Есма Фазлиу директорка на ОУ Хасан Приштина, Лејла Ќахили, модератор и предавач, Алмина Папиќ, претседателка на Младинската културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван “ и Виолета Калиќ, дипл.историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје. По повод свеченото отворање настапи младата виолинистка Далиа Црновршанин.По овој повод беа доделени и Благодарници за сите учесници во овој настан кој има и мултикултурно значење. По повод свеченото отворање на изложбата Виолета Калиќ истакна :

„Значењето на овој проект е од повеќе аспекти.Тој истовремено има и едукативна димензија, која е и интердисциплинарна или трансдисциплинарна со својот ангажиран карактер, обединувајќи повеќе области и акцентирајќи го значењето на оваа сецивилизациска придобивка. Глаголицата како и сите други писма кои оставиле трага од изминатите цивилизации, имале бројни модификации и транскрипции, разнородни влијаниа, но сите тие се важна поврзница во својот континуитет и во својата дијалектика. Буквите, азбуките, писмата, независно дали се пиктурални, клинести, хиероглифи, алфабет или глаголица, етрурски или старословенски, тие се од круцијално културолошко и сецивилизациско значење.Тие се пред се не само средство за себесоопштување и комуникација, тие се дијалог помеѓу народите, ентитетите, светогледите, конфесииите, помеѓу просторот и времето, помеѓу искуствата и мудростите кои се пренесуваат од генерациите изминати кон сегашните и идните“.Од тој аспект Калиќ додаде дека е од историско значење благородната мисија која ја имаа и сесловенските просветители,нивните следбеници како и големите духовни светилишта и големите препишувачки центри, независно дали е Охридската или Преславската школа.

„Трагата на глаголицата датира и не води кон изворите до десеттиот и деветтиот век. А изворите и поврзниците кои и претходеле и понатаму во својот континуитет. Тие со времето се модифицирале, се редуцирале и ја восприемувале својата сеповидоизменета форма. А бројните паметници кои ја запазија глаголицата ширум овој регион побудуваат голем интерс кај светските научно истражувачки кругови од бројни универзитети ширум светот, постојано поместувајќи ги границите на нашите сознанија. Тие вредности треба да имаат не само историско и геополитичко, социолошко, или архивско значење , тие треба да се инспирација за секој уметник кој се заложува за запазување и афирмација на сецивилизациските вредности –независно дали станува збор за киевскиот мисал, башката плоча од Крк, бројните стари псалми и мисали“, истакна во своето излагање Виолета Калиќ по повод свеченото отворање на овој значаен проект.

 

 

Related Articles