Home » Презентирана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Прилеп

Презентирана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Прилеп

by culturalchat

Во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. На 35 панели се претставени 70 грбови на Македонија, од 14 до 21 век. Изложбата чии автори се Иван Нацевски, потпретседател и д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво, е поделена во три дела и целта е да се претстави хералдичкото македонско богатство.„Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во три дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови. Ние направивме избор на грбови. Ова кажува дека Македонија е долго присутна во светот на хералдиката во Европа. Нашата цел е ова да биде популаризација, и на македонското хералдичко наследство како и да поттикне интерес кај луѓето повеќе да се занимаваат со хералдиката како наука“, рече д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво.За публицисатот Ставре Џиков ова е посебна приказна за историскиот идентитет на македонскиот народ.

„Претставувањето на изложбата за хералдиката има посебна симболика во контекст на Марко Цепенков. Ако Цепенков ги собирал умотворбите на македонскиот народ, ние, скромно, сме мисионери на историјата на Македонија низсимболиката, низ хералдиката“, рече Џиков.Ликовното уредување на изложбата е на Димитриј Михајловски. Изложбата ќе биде отворена 10 дена и е по повод 8 септември, денот на независноста на Македонија. Изложбата е во организација на македонското грбословно друштво и на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“.

Related Articles