Home » Првото изгрејсонце од 2025 дочекано на врвот Пелистер 2601м

Првото изгрејсонце од 2025 дочекано на врвот Пелистер 2601м

by culturalchat

Околу 25 планинари организирани од ПСК “Олимпус Монс” , утрово во 03.15 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“ и го дочекаа првото изгрејсонце во новата 2025 година на Антена.Веќе 13 години по ред, во зимски услови, планинарот Влатко Крбалески со својата екипа го искачува највисокиот врв во Националниот парк Пелистер. Оваа година, по 14-ти пат имаше можност да го дочека првото изгрејсонце на еден од највисоките врвови во Република Македонија. Поради временските услови, висината и тежината на турата, бројот на учесници беше ограничен, предност се даде на лица кои добро го познаваат теренот, имаа планинарско искуство или се имаат искачувано на планина повеќе пати во зимски услови.

Поаѓањето беше од  Инфо Центарот  во 22:00, каде планинарите беа поздравени од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Минималната висина на оваа тура е 1,350 метри, а максималната врвот, односно 2,601 метри. Најголемиот дел од планинарската акција се одвиваше по патот за теренски возила (колскиот пат). За се да е во најдобар ред се погрижија планинарските водичи: Влатко Крбалески, Иванчо Тошевски, (новиот директорот на НП Пелистер), Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ, Иле Велевски. Манифестацијата беше одлично организирана, со водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак, се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола и е дел од програмата на „Зимската приказна“. Фотографиите ни ги испрати Дони Крстевски кој секоја година е дел од оваа планинарска приказна.

 

Related Articles