Home » Прва награда за расказот „Патувањето на Берта“ на Јована Матевска-Атанасова

Прва награда за расказот „Патувањето на Берта“ на Јована Матевска-Атанасова

by culturalchat

На првиот конкурс за необјавено литературно дело во 2024, распишан од Катедрата за креативно пишување при Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, пристигнаа 23 ракописи (10 раскази, 11 поетски творби, еден есеј и еден драмски текст). Тринаесет ракописи се напишани на македонски, четири на албански и шест на англиски јазик. Ракописите ги оценуваше комисија составена од поетите Никола Маџиров и Арлинд Фаризи, професорите и писатели Ивана Трајаноска и Иван Додовски (раководители на програмата за креативно пишување на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“) и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“.

Имајќи ја предвид целта на конкурсот да поттикне писателски практики што се истакнуваат со јазична и стилска оригиналност и со тематска актуелност, жири-комисијата едногласно одлучи да додели пет награди, и тоа една прва, две втори и три трети. Првата награда ја доделува на Јована Матевска-Атанасова за расказот „Патувањето на Берта“. Истовремено Матевска-Атанасова е добитничка на главната награда – стипендија обезбедена од Триглав пензиско друштво АД, во вредност од 2750 евра за целосна школарина за упис на мастер-програмата по креативно пишување на Факултетот за странски јазици при Универзитетот „Американ колеџ Скопје“.

Двете втори награди им се доделуваат на Гордана Каракашевска за поетскиот избор „Бршлен“, и на Брит Лилит за песната „A Week and A Day of Melted Chocolate Sensation“, а трета награда освојуваат Аделина Џафери за песната „Ne s’i ngjajmë të djeshmes“ и Мартина Веселиновска за драмскиот текст „Footprints Immortalized in the Sand“. Покрај наградените творби, жири-комисијата ги препорачува за објавување во посебна едиција на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ и следните дела: песната „Sê prapthi drejt gjysmës“ од Аделина Џафери, поемата „Јагула“ од Ненад Јованов, расказот „Кругот на Рампо“ од Викторија Митрикеска, расказот „Верувате ли во духови?“ од Рената Јовановска, есејот „Në labirintin e ëndrrave të fjetura“ од Езана Ќамили, расказот „Struggle“ од Верче Миовска и расказот „Ora e heshtjes“ од Валдет Кадрија.

Related Articles