Во мај оваа година, НУ Камерен Оркестар на Битола гостуваше во Рим, како дел од културната програма на традиционалната манифестација за одбележување на големиот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во сала Балдини. По само неколку месеци, Оркестарот повторно со свое гостување надвор од Македонија, но овојпат во убавата Виена, местотото од каде потекнуваат голем број на светски познати имиња на музичари како Моцарт, Бетовен и Шуберт. Виена, како еден од најзначајните музички центри во светот, ќе биде домаќин на НУ Камерен Оркестар на Битола, кој со своето гостување ќе внесе дух на македонската музичка традиција во престолнината на класичната музика. Настанот ќе биде единствена можност за љубителите на музиката да уживаат во македонските евергрини, изведени од врвни македонски музичари во комбинација со елеганцијата и величественоста на виенската сцена.По повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Република Македонија, НУ Камерен Оркестар на Битола во Виена ќе се претстави со проектот „Македонски евергрини и повеќе“, на кој ќе настапат: Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар, позната на публиката по нејзините енергични настапи, и незаменливиот Ристо Самарџиев, под диригентска палка на Владимир Димовски. Концертот ќе се одржи на 09 септември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црквата Св. Ана, ул. Annagasse 3B,1010, Виена, Австрија.
Од НУ Камерен Оркестар на Битола изразуваат благодарност до Министерството за култура и Австриската амбасада за можноста за овој настан. За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нивните профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.