Home » Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Битолската библиотека со Бизнис академијата Смилевски – БАС

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Битолската библиотека со Бизнис академијата Смилевски – БАС

by culturalchat

Во просториите на НУ Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, директорот м-р Бојан Стефановски потпиша Меморандум за соработка и Спогодба за изведување на практична настава за студентите од Бизнис академијата Смилевски – БАС, со директорката проф. д-р Гордана Тасевска. Оваа значајна соработка ќе им овозможи на студентите од БАС да стекнат практични вештини и работно искуство во рамките на библиотеката, што ќе ја зголеми нивната конкурентност на пазарот на трудот. Практичната настава ќе им овозможи да се запознаат со процесите на работа и развој во библиотекарството. Вработените од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола добиваат попуст од 20% на школарина за додипломските и/или постдипломските студии на БАС, како и за нивните потесни семејства (мајка, татко, деца). Тие исто така добиваат попуст од 20% на консултантските услуги на ДЕТРА Центар. За ментор на студентите е одбрана Фатма Бајрам Аземовска, докторанд и раководител на областа за развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста. Николовски Божидар е назначен за координатор за теренска студентска практика од страна на Бизнис академијата Смилевски – БАС. Со овој чекор, Библиотеката продолжува да ја поддржува едукацијата и професионалниот развој на идните млади кадри.

Related Articles