Home » Повеќе активности по повод 80 години од основањето во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Повеќе активности по повод 80 години од основањето во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

by culturalchat

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето. Програмата започна денес со панел-дискусијата на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“, во Офицерскиот дом – Europe House Bitola. Утре продолжува со доделување на награди во 12:00 часот, во знак на признание за: најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени. Следува промоција на книгата „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од авторот Игор Трајковски – Фоја, во просториите на Библиотеката, со почеток во 18:00 часот. Во четврток на 27.март ќе се одржи поетскиот настан „Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата, кој требаше да се одржи во Читалната „Горан Стефановски“, со почеток во 18:00 часот, во соработка со Македонското научно друштво. Тука е и промоција на книгата „Факсимили на роднокрајни автори“, членови на ДПМ, и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски.Програмата ќе се заокружи со свечената академија на 28-ми март 2025 година (петок) во Офицерски дом-КИЦ во 19:00 ч.

Related Articles