Home » Пламенка Трајковска за Денот на Европа ја обработи „Ода на радоста“

Пламенка Трајковска за Денот на Европа ја обработи „Ода на радоста“

by culturalchat

Македонска виолинистка Пламенка Трајковска го објави синглот „Ода на радоста“ и видео спотот по повод Денот на Европа 9 ти мај. Композицијата е класичен кросовер за гудачки инструменти и електронска музика на познатата тема од деветтата симфонија од Лудвинг Ван Бетовен. Темата е химна на Европа.За композицијата Трајковска го направи комплетниот аранжман. Снимана  е во музичкото студио Кларион. Миксот и мастерингот го нарави тон мајсторот Дејан Ангелевски. Главен дигитален онлајн дистрибутер е CD Baby. Композицијата „Ода на радоста“ од Пламенка Трајковска е достапна преку сите онлајн музички мрежи Spotify, Apple music, Amazon, iTunes, Deezer и други.Видеото на спотот го снимаше Дејан Марковски во студио, а фотосесијата ја направи фотографот Константин Калошев. Во спотот покрај виолинистката Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет учествуваат и Сандра Крстевска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

Related Articles