Ова не беше обичен ден. Ова беше ден кога планината дишеше заедно со нас.
Кога гостите и сите бои на традициите – седнаа заедно, без сценарио, без бина со рампа, без протокол. На Пелистер, на висина што ослободува мисли, се случи најискреното лице на „Илинденски денови“: пикникот.
Некој донесе песна, некој инструмент, некој само насмевка.
И доволно беше. Ако некогаш сте се прашале како изгледа ново фестивалско пријателство, преку народна носија – ова е тоа.
Фотографка | Дамијана Ристевска