Home » Отоврена концертната сезона на МКЦ во Истанбул со триото „30 прсти“

Отоврена концертната сезона на МКЦ во Истанбул со триото „30 прсти“

by culturalchat

Со концертот на триото „30 прсти“, Македонскиот културен центар во Истанбул официјално ја отвори концертната сезона за 2026 година.„Искрена благодарност до извонредните македонски уметници Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски за инспиративната вечер и врвната изведба“, истакнуваат од Културниот центар.
Овој уникатен состав од три пијанисти на еден клавир, понуди ретко и впечатливо музичко доживување, каде синхронизацијата и заедничкиот звук создадоа посебна енергија на сцената.  Како дел од програмата беа изведени дела од Роберт Шуман, Корепанова, Ф. Иванов, М. Шмиц, Р. Рамазанов, Стив Рајх, Д. Букувалас, Б. Илин и Д. Темков. Особено значајно е што програмата вклучи дела од македонски композитори, што претставува важна промоција на современата македонската музика пред меѓународната публика.
Партнери за настанот беа: Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ и Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Бројната истанбулска публика, со своето присуство ја исполни салата и ја направи оваа вечер навистина посебна.

Фотогалерија: Невџат Јилдиран

 

Related Articles