Home » Отворена изложбата „120 години од раѓањето на Томо Владимирски“ во Битола

Отворена изложбата „120 години од раѓањето на Томо Владимирски“ во Битола

by culturalchat

Во НУ. Завод и музеј Битола, беше презентирана јубилејната изложба „120 години од раѓањето на Томо Владимирски“.

„Изразуваме огромна благодарност на прекрасната публика , беспрекорната соработка со Националната галерија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културно наследство“, истакнуваат од Битолскиот музеј. Куратор беше Д-р Ана Франговска, раководител на проектот м-р Сандра Котевска- кустос.Томо Владимирски е еден од основоположниците на македонскиот модернизам во ликовната уметност. По повод одбележување на јубилејот, презентирани се дела кои го прикажуваат неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит. Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен. Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност.Изложбата може да се посети секој ден до 8.12. 2024 во малата сала во НУ „Завод и музеј“ – Битола.

 

 

Related Articles